Националната Американска асоцијација за оружје го нарече Обама лицемер, бидејќи неговите тајни агенти ги заштитуваат неговите ќерки а тој е против воведување на вооружени чувари во американските училишта.
Асоцијацијата го прашува претседателот дали неговите деца се поважни од другите деца. Во видеото објавено од НРА се споменуваат ќерките на претседателот. Белата куќа видеото го нарече одвратно и кукавичко поради тоа што во него неетички се прикажуваат ќерките на американскиот претседател. Портпаролот на американскиот претседател Џеј Карни рече дека Американците се согласуваат дека децата на претседателот, не треба да се користат во политичката борба.
Контроверзното видео е е објавено пред Обама да ги изнесе неговите предлози за спречување на насилствата во земјата, предизвикани од оружје. Обама ги предложи овие мерки по масакрот во основното училиште во Њутаун, Конектикат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


