Европската унија и земјите од заедницата остануваат најголемиот донатор во светот и во 2014 година, соопшти Европската комисија.
ЕУ и државите кои се нејзини членки, доставиле над половина од официјалната помош за развој преку Организацијата за економска соработка и развој. Помошта изнесува 0,42 отсто од БДП во ЕУ и е над 58,2 милијарди евра. Регистрирано е зголемување од 2,4 отсто во споредба со 2013 година, јави БТА.
Еврокомесарот за меѓународна соработка Невен Мимица тврди дека ЕУ го зачувала првото место по таа основа, дури и во годините на економска криза. Тој повика за дополнителни напори за да може во следните години да биде достигната целта – помошта да биде 0,7 отсто од БДП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.