Заканите за тужби што ги упати лидерот на СДСМ не го одврати македонскиот народот од потпишување на петицијата за поведување одговорност за велепредавство на Зоран Заев. И покрај заканите упатени преку опозициските портали, кавадарчани вчера масовно се потпишуваа на иницијативата за одговорност за велепредавство на претседателот на СДСМ.
Дејствувањето во име на СДСМ на Заев наидува на остра осуда кај пензионерите. На обвинувањата за наводно недемократско работење на Владата, тие нагласуват дека власта се добива на избори, а дека народот ја дава и народот ја одзема власта. Кавадарчани ги поддржуваат владините проекти и бараат што поскоро Заев да биде онаму каде што му е местото со законските прописи. Додаваат дека рушењето на уставниот поредок штетно ќе влијае на вработувањата, но и на редовните исплати на пензиите.
– Тоа што се прави преку прислушување, бламажа на официјалната власт и објавување на разговори се тешки кривични дела и треба да одговара за ова. Македонија ако продолжува со ова темпо на деинтеграција, односно уривање на уставниот поредок ќе се намали и вработувањето, ќе дојдеме до ситуација и ние пензионерите да не можеме да ги земаме пензиите што ни ги гарантира и исплатува Владата. Од тие причини ние ја поддржуваме Владата на Република Македонија, а оние кои сакаат да дојдат на власт нека одат на времени избори, односно на редовни избори. Таму се дава власта. Власта ја дава народот и никој друг. Се ова што се прави до сега бараме од кривичниот суд и обвинтелството на Република Македонија да ја забрза постапката и да донесе конечна пресуда за сторителите на кривични дела- вели Трајан Трајковски, заменик-претседател на извршен одбор на пензионери.
-Го дадов својот потпис за поддршка и активирање на правдата и вербата во правосудниот систем на Република Македонија- вели друг кавадарчанец.
-Мислам дека денешната иницијатива е во ред и крајно време е да се стави крај на озборувањата на Заев. Мислам крајно време е да се стави крај на тоа и Заев да си го најде местото- додава жителка на Кавадарци.
Иницијативата за собирање потписи почна завчера во скопската населба Автокоманда. Голем број граѓани во редици чекаа да го стават својот потпис на листите преку кои бараат Заев да биде прогласен за велепредавник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.