| четврток, 6 декември 2018 |

Честитка од Вељаноски по повод Меѓународниот ден на Ромите

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, по повод 8 април, Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската етничка заедница во Република Македонија.

– Одбележувањето на Меѓународниот ден на ромите во Република Македонија е потврда за почитувањето на ромската етничка заедница и нејзината автентична култура. Меѓусебното разбирање и почитување на културните особености се дел од нашата држава и наша одлика за активно интегрирање на сите етнички заедници. Во таа насока, можам да потенцирам дека Република Македонија е една од неколкуте држави која посветено е насочена во подобрувањето на социоекономскиот статус на ромите. Со задоволство сакам да истакнам дека ромската заедница, како и нејзини поединци, имаат дадено голем придонес во равојот на Република Македонија во сите сегменти на општественото живеење – вели Вељаноски во честитка.

Убеден сум, вели претседателот на македонското Собрание, дека сите имаме заедничка определба да работиме заедно кон изградба на модерна и просперитетна Република Македонија, во која ќе се промовира недискри­минација и ќе се овозможува еднаквост за сите граѓани. Со тоа, додава тој, сите ние ќе бидеме сигурни дека чекориме по вистинскиот пат на реализација на нашите европски и евроатлантски интеграции и сигурна иднина за генерациите што ќе следуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top