| четврток, 6 декември 2018 |

Во Виетнам исчезнала метална кутија со радиоактивен кобалт

радио

Виетнамските власти денеска потврдија дека од складиште на фабрика за преработка на метали на југот на државата исчезнала метална кутија во која бил чуван радиоактивен кобалт.

Металниот контејнер тежок околу 45 килограми, ако нестручно се отвори, може да им нанесе сериозни штети на луѓето и на околината, соопштија од виетнамското Министерство за наука.

Кобалтот е од типот Ц-60 се употребува во радиотерапијата во медицината и за специфични потреби на металопреработувачката индустрија.

Властите ја отфрлија можноста дека се работи за кражба од страна на некоја терористичка група, но соседните држави на Виетнам ја засилија граничната контрола поради стравот дека опасниот контејнер може да биде изнесен од виетнамска територија и да заврши во криминалното подземје или кај некоја радикална политичка група.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top