| четврток, 6 декември 2018 |

Каменос: Ако Грција излезе од еврозоната, Европа ќе биде преплавена од џихадисти

panos kamenosГрчкиот министер за одбрана Панос Каменос упати ново предупредување до Европската унија дека Грција нема да може да ги контролира границите поради постојаните напори за дестабилизација на Владата во Атина од европски високи претставници.

Во интервју за „Тајмс“ тој нагласува за „упорните“ потези на европски високи претставници да предизвикаат пукнатини во владината коалиција. Тој ги оквалификува тие акции како „грубо мешање во внатрешните работи на Грција“.

– Ако Грција излезе од еврозоната и ЕУ тогаш ќе бидат изложени на ризик многу повеќе работи отколку економската стабилност и еврото, предупредува грчкиот министер за одбрана.

Панос Каменос имаше неколку такви изјави во почетокот на март, кога ги предупреди кредиторите дека ако држат тврда линија кон Грција тогаш „државата ќе им даде документи на имигрантите за да стигнат до Берлин“.

За британски „Тајмс“ тој вели дека Берлин и Брисел ѝ се заканувале на Грција со напори да ја доведат државата до „целосна економска капитулација“.

– Ако Грција биде натерана да излезе од еврозоната, тогаш бранот имигранти без документи ќе минат низ Грција за да се упатат кон срцето на Европа – предупредува грчкиот министер за одбрана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top