| четврток, 6 декември 2018 |

„Ланд сервис“ не ги отпушти Ромите од работа, ќе го тужи Скопје сити мол

skopje siti mol

Фирмата за одржување хигиенски услуги Ланд сервис ги потврди информациите дека Скопје сити мол од нив побарала да ги отпушти вработените од ромска националност.

Ланд сервис соопштуваат дека во писмениот маил, менаџерскиот тим на трговскиот центар Скопје сити мол не ги навел причините за барањето зошто да бидат отпуштени само вработените од ромска националност.

Откога фирмата за одржување на хигиенските услуги го одбила ваквото барање и ги задржала ромите на работа Скопје сити мол ја раскинува соработката со нив. За ваквата постапка Ланд сервис подготвува и тужба.Освен барањето да бидат отпуштени работниците роми Менаџерскиот тим на трговскиот центар применувал и воспитни мерки преку влечење и викање, тврдат вработените. Бремената Шефика Исени е само една од работничките која речиси секојдневно трпела психичко малтретирање од генералниот менаџер на Скопје сити мол Ивајло Иванов.

Настанот го осуди и Европскиот центар за правата на ромите, ги повика комисијата за заштита од дискриминација да го разгледа случајот. Скопје сити мол пак уште вчера ги демантираше обвинувањата дека побарала Ланд сервис да ги отпушти вработените, велат дека вработените се отпуштени поради тоа што со фирмата ја прекинале соработката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top