| четврток, 6 декември 2018 |

За празниците ќе „скокнеме“ од зимски јакни во куси ракави

umereno oblasno

Продолжениот празничен викенд ќе донесе време кое ќе биде дијаметрално спротивно од времето кое го имавме изминативе неколку дена. Во буквална смисла ќе „скокнеме“ од зимски јакни во куси ракави во рок од 2-3 дена. Според Метеопро петок ќе биде првиот од серијата денови со пријатно и релативно топло време. Ветерот ќе биде сосема слаб, а времето сончево со сосема малку облаци.

Наутро се очекува температура која ќе има вредности околу -1°С, а малку постудено ќе биде на повисоките места, каде минималната ќе се спушти до околу -5°С. Преку ден во поголем дел од котлините, највисоката дневна температура ќе има вредност околу 14°С, а долж повардарието таа ќе има вредност во дијапазонот од 15°С до 17°С.

Сабота ќе биде сончева и потопла од петок.Максималната температура ќе има вредност од 17°С до 20°С долж повардарие, а низ останатите котлини таа ќе има вредност од 15°С до 18°С.

Недела до продолжува трендот на сончево време. Се очекува пораст на утринксата температура за околу 3°С во однос на сабота. Максималната температура ќе ја надмине границата од 20°С во југоисточниот крај.

Понеделник ќе донесе мало наоблачување.
Повеќе на Метеопро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top