| четврток, 6 декември 2018 |

Најлошите особини на секој знак

Најлошото од секој знак! Кои се особините поради кои ве одбегнуваат?

Овен

1. Вашето мото би требало да биде реченицата: „Веднаш, сега, веднаш“. Постојано некаде брзате и сте нетрпеливи.

2. Ако некоја идеја не е на овенот, тогаш нему воопшто не му е гајле за неа!

3. Знаете да бидете многу незрели.

Бик

1. Вие сте посесивни, материјалисти и не знаете да делите.

2. Многу сте тврдоглави.

3. Мрзеливи сте и хедонисти.

Близнаци

1. Многу сте специфични, па вашите соговорници никогаш незнаат на што се со вас.

2. Сакате да го слушате сопствениот глас и на другите постојано да им упаѓате во збор.

3. Заинтересирани сте за голем број активности, па на крајот на ништо неможете да му се посветите до крај.

Рак

1. Постојано го менувате расположението.

2. Внимателни сте и плашливи.

3. Многу сте чувствителни и никој неможе да знае каква ситница може да ве повреди.

Лав

1. Премногу се сакате себе си, па неможете да одолеете на ниту една површина што има одраз.

2. Ако сакате нешто, подготвени сте да направите се за да го добиете.

3. Желбата да бидете во центарот на вниманието, може да биде проблематична, затоа што никој не ги сака луѓето што мислат дека се центар на универзумот.

Девица

1. Ги осудувате сите околу себе и луѓето никогаш незнаат кога ќе ги земете „на заб“.

2. Знаете да ситничарите и да им префрлате на другите околу вас за се и сешто.

3. Можете да бидете крајно песимисти и сите околу себе да ги повлечете во вашето негативно расположение.

Вага

1. Многу сте неодлучни и вистински пекол е кога некој се обидува да се договори за нешто со вас.

2. Склони сте да отстапите од сопствените принципи само за да ги направите другите среќни и да го сочувате мирот.

3. Вашата фасцинација со убавината може да значи и дека поминувате премногу време пред огледалото.

Скорпија

1. Склони сте кон освета и подготвени сте некому да му го загорчите животот ако ве повреди или ви наштети.

2. Вашите манипулаторски способности може сериозно да нарушат нечие ментално здравје.

3. Вие никогаш не сте лошо расположени, туку секогаш во длабока тага и депресивни.

Стрелец

1. Искрени сте до таа мера што звучите како некого да скате едноставно да го повредите.

2. Сакате да се правите дека се знаете.

3. Ако не правите нешто ново и возбудливо, најверојатно многу ви е здодевно.

Јарец

1. Толку многу сте опседнати со контрола, што просто незнаете што значи да се опуштите.

2. Подготвени сте да ги искористите другите за да напредувате и тоа без двоумење.

3. Уживате да разговарате за негативни нешта и да се храните со негативна енергија.

Водолија

1. Сакате да ислите дека сте објективни и рационални, што едноставно значи дека брзате и ги осудувате другите.

2. Сонувате и живеете во некој свој свет, па се чини дека постојано сте студени.

3. Секогаш нудите совети, но подеднакво често не слушате што вашиот соговорник говори.

Риби

1. Сакате да се препуштате на животните околности, па често вашиот живот излегува од контрола.

2. Често пропуштате да ги забележте потребите на другите околу вас.

3. Многу сте наивни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top