Со ждрепка денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија, беа одредени групите за четвртфиналната рунда во националниот ракометен Куп на Македонија.
Бранител на трофејот од минатата сезона Вардар, кој е главен фаворит за трофејот и сезонава, ќе биде домаќин на групата „1„ во која за противник ќе го има Бореа, а во вториот меч ќе играат Прилеп – Охрид .
И останатите три групи ќе се играат во Скопје, и тоа:
Група 2: Лозари – Металург 2, Пролет – Работнички (домаќин Пролет)
Група 3: Вардар јуниор – Зомимак, Преспа – Пелистер (домаќин Вардар јуниор)
Група 4: Металург – Феникс, Текстилец – Радовиш (Металург)
Натпреварите од четвртфиналето ќе се играат на 18 и 19 април, додека победниците во групите ќе обезбедат пласман на завршниот „Фајналфор’’ турнир кој ќе се игра на 16 и 17 мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.