На саемот за вработување и пракса – „Контакт“ кој се одржува на Технолошко-Металуршкиот Факултет во Скопје, ЕВН Македонија ги презентира отворените програми за практикантска работа и за вработување млади и стручни кадри „Trainees 2015“.
Како што денеска соопшти ЕВН Македонија, интересот на студентите бил голем за програмите кои им се овозможуваат, бидејќи компанијата е веќе препознаена како сигурен и отворен партнер за соработка и развој на кариерата на младите и стручни кадри.
Програмите се атрактивни и заинтересираните ќе можат да се пријават за посетување практикантска работа до 31.05.2015 на praktikum@evn.mk , а за „Trainees 2015“ до 30.04.2015 на work@evn.mk .
Минатата година практикантска работа во ЕВН посетувале 57 студенти, од кои 23 беа дел од „Trainees“ програмата. Во моментот ЕВН Македонија стипендира вкупно 14 студенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.