Големиот одрон на патот Скопје – Велес во близина на мостот кај манастирот Св. Јован Ветерски од денеска напладне се уште целосно го блокира сообраќајот за сите видови возила.
Со одронот се зафатени двете коловозни ленти. Во неговото расчистување се вклучени две машини и се прават максимални напори коловозот да се оспособи за нормално одвивање на сообраќајот, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.