Денес,7 април, е Светски ден на здравјето и по традиција луѓето обрнуваат внимание на прашањата поврзани со него. Времетраењето на животот во светот се зголемува, иако има голема разлика во трендовите во различни краишта на светот. Глобалната смртност кај новороденчињата постојано паѓа и во 2013 година е 33,6 случаи на секои 1000 бебиња во светот.
Погледнете го рејтингот на „24/7 Wall St“ на земјите во кои луѓето се најздрави и на оние во кои се најболни.
Земји во кои луѓето се најздрави:
10. Австралија
Средна возраст на живеење е: 79.9 години
Смртноста кај новороденчињата: 3.4 на 1000
Трошоци за здравство по глава на жител: 6 140 долари
Невработеност: 5.7%
Државата има добар систем на здравствена заштита. На секои 1000 Австралијци, има 3,3 лекари. Просекот во светот е на 1.000 луѓе има 1,5 лекари. За жал, Австралија има висок проценет на дебели граѓани – 28,6%.
9. Шведска
Средна возраст на живеење е: 79.9 години
Смртноста кај новороденчињата: 2.4 на 1000
Трошоци за здравство по глава на жител: 5 319 долари
Невработеност: 8.1%
Шведска е една од земјите со универзално здравствено покритие, односно надоместоците за пациентите покриваат само мал дел од трошоците. Трошоците за здравство на еден човек се 5 319 долари годишно.
8. Сингапур
Средна возраст на живеење е: 79.9 години
Смртноста кај новороденчињата: 2.2 на 1000
Трошоци за здравство по глава на жител: 2 426 долари
Невработеност: 2.8%
Малата островска нација има силна економија. Помалку од 3% од жителите се без работа. Сингапур има еден од највисоките БДП по глава на жител во светот – 55 182 долари. Дебели граѓани едвај 6,2%.
7. Австрија
Средна возраст на живеење е: 78.4 години
Смртноста кај новороденчињата: 3.2 на 1000
Трошоци за здравство по глава на жител: 5 407 долари
Невработеност: 4.9%
На 1000 Австријци се паѓаат по 5 лекари, што е четвртиот највисок сооднос во светот.
6. Исланд
Средна возраст на живеење е: 81.6 години
Смртноста кај новороденчињата: 1,6 на 1.000 (најниско во светот)
Трошоци за здравство по глава на жител: 3 872 долари
Невработеност: 5.6%
Ова е најмалата држава во првите десет. Таа има исклучително висок просек на животен век, 81.6 години. Тоа е цела година над просекот на Швајцарија. Исланд го дели првото место за најниска смртност кај новороденчиња во светот.
5. Јапонија
Средна возраст на живеење е: 79.9 години
Смртноста кај новороденчињата: 2,1 на 1.000 луѓе
Трошоци за здравство по глава на жител: 4 752 долари
Невработеност: 4%
Со население од 127 милиони, Јапонија е најнаселена држава во првите десет. За жал, земјата старее многу брзо и една четвртина од населението е на возраст над 65 години. Дебелината во земјата е на едно од најниските нивоа во светот – 3.3%.
4. Луксембург
Средна возраст на живеење е: 79.1 години
Смртноста кај новороденчињата: 1.6 на 1000
Трошоци за здравство по глава на жител: 7 452 долари
Невработеност: 5.9%
Земјата е на 4-то место во светот по трошоци за здравство по глава на жител. Таа сепак има високо ниво на консумација на алкохолна – 11,9 литри по глава на жител и високо ниво на дебели луѓе, 23.1%.
3. Швајцарија
Средна возраст на живеење е: 80.6 години
Смртноста кај новороденчињата: 3.6 на 1000
Трошоци за здравство по глава на жител: 8 980 долари
Невработеност: 4.4%
Во Швајцарија има 3.9 лекари на 1000 луѓе. Консумирањето алкохол е релативно високо – 10.7 литри по глава на жител. 22% од жените и 31% мажи пушат, што се смета за релативно висок процент.
2. Норвешка
Средна возраст на живеење е: 79.5 години
Смртноста кај новороденчињата: 2.3 на 1000
Трошоци за здравство по глава на жител: 9 055 долари
Невработеност: 3,5%
Норвешка има највисоки трошоци по глава на жител за здравство во светот. Постојат 4 лекари на 1000 жители.
1. Катар
Средна возраст на живеење е: 77.6 години
Смртноста кај новороденчињата: 7 на 1000
Трошоци за здравство по глава на жител: 2 029 долари
Невработеност: 0,5%
Ова е единствената држава во топ десет, во која нема национален здравствен систем. Тука има 7.7 лекари на 1000 луѓе. За жал, процентот на дебели луѓе е многу висок.
Погледнете ја обратна ранг листа.
Земји со најлошо здравје на луѓето:
10. Боцвана
Средна возраст на живеење е: 47.7 години
Смртноста кај новороденчињата: 36.3 на 1000
Трошоци за здравство по глава на жител: 384 долари
Невработеност: 19.4%
Забележуваме голема разлика во податоците. Смртноста кај новороденчињата е 36.3 на 1000, додека кај претходните топ 10, најлошиот сооднос беше 7 за Катар и 3.6 за Швајцарија. Повеќето жители на Боцвана не доживуваат 50 години. Епидемијата на СИДА е жестока, околу 25% од жителите на Боцвана се носители на вирусот.
9. Екваторска Гвинеја
Средна возраст на живеење е: 51.2 години
Смртноста кај новороденчињата: 69.3 на 1000
Трошоци за здравство по глава на жител: 1 138 долари
Невработеност: 8%
Случајот со Екваторска Гвинеја е интересен, бидејќи има доста високо ниво на трошоците за здравствена заштита , но многу лоши резултати. Смртноста кај новороденчињата е висока. Нивоата на имунизација кај децата се меѓу најниските во светот. Ова го наметнува прашањате: „За што се трошат парите за здравство, штом не стигнуваат до корисниците?“
8. Мозамбик
Средна возраст на живеење е: 48.9 години
Смртноста кај новороденчињата: 61,5 на 1000
Трошоци за здравство по глава на жител: 37 долари
Невработеност: 8.3%
Само 35% од населението во руралните области има пристап до вода за пиење. Маларијата е многу распространета. На тоа се должат околу 26% од сите смртни случаи во болниците. Има многу малку лекари, едвај 0,4 на 1.000 лица.
7. Хаити
Средна возраст на живеење е: 60.9 години
Смртноста кај новороденчињата: 54.7 на 1000
Трошоци за здравство по глава на жител: 53 долари
Невработеност: 7%
Во 2012 година помалку од 75% од населението има пристап до чиста вода за пиење. Земјата има едно од најниските нивоа на имунизација во светот.
6. Замбија
Средна возраст на живеење е: 55,4 години
Смртноста кај новороденчињата: 55.8 на 1000
Трошоци за здравство по глава на жител: 96 долари
Невработеност: 13.3%
Само 18.5% од жителите имаат пристап до електрична енергија. Инфраструктурата во земјата е лоша, а речиси три четвртини од населението живее во сиромаштија.
5. Гвинеја-Бисау
Средна возраст на живеење е: 52.5 години
Смртноста кај новороденчињата: 77.9 на 1000
Трошоци за здравство по глава на жител: 30 долари
Невработеност: 7.1%
Во земјата има 1 лекар на секои 20 000 луѓе. Инфективните заболувања се многу распространети.
4. Мавританија
Средна возраст на живеење е: 59.9 години
Смртноста кај новороденчињата: 67.1 на 1000
Трошоци за здравство по глава на жител: 52 долари
Невработеност: 31%
Една третина од жителите на земјата се невработени. Повеќето од нив не доживуваат 60 години. Ропството тука била легално до 1981 година.
3. Јемен
Средна возраст на живеење е: 61.6 години
Смртноста кај новороденчињата: 40.4 на 1000
Трошоци за здравство по глава на жител: 71 долари
Невработеност: 17.4%
Земјата долги години била центар на воени конфликти. Во 2010 година помалку од половина од населението има пристап до електрична енергија. На секои 5.000 луѓе се паѓа по 1 лекар.
2. Централна Африканска Република
Средна возраст на живеење е: 47.7 години
Смртноста кај новороденчињата: 96.1 на 1000
Трошоци за здравство по глава на жител: 18 долари
Невработеност: 7.6%
Земјата е на третото место по смртност на новороденчиња. 28% од жителите се дебели. Само 37% од населението е писмено. Помалку од една четвртина од децата се вакцинирани.
1. Судан
Средна возраст на живеење е: 60.1 години
Смртноста кај новороденчињата: 51.2 на 1000
Трошоци за здравство по глава на жител: 115 долари
Невработеност: 15.2%
Од 2003 година до сега во воени конфликти тука загинале над 200 000 луѓе. Судан има население од 38 милиони жители и е најнаселена од 10-те земји со најлошо здравје во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.