| четврток, 6 декември 2018 |

Неделковски: Сите го штитат Заев, а никој не го штити македонскиот народ од него

На вчерашната трибина на Граѓанското движење за одбрана на Македонија, новинарот Миленко Неделковски, побара лидерот на СДСМ, Зоран Заев, веднаш да се најде во притвор.

Неделковски посочи дека во изминатиот период сите сме заложници на еден патолошки лажго и манипулатор.

-Има многу луѓе кои се судриле со законот, но сите излегле еднакви пред законот. Според уставот, пред законот се сите еднакви. Но за жал се испостави дека не е така, односно дека има некој поинаков. Во моментов имаме лице кое се вика Зоран Заев, на кое му е овозможено да се брани од слобода за аферата Пуч. Меѓутоа за да се брани така има 3 параметри- да не избега од државата, да не го повтори делото и да не влијае врз сведоците. Тие услови важат за сите! Сите го штитат Заев, а никој не го штити македонскиот народ од него – изјави Неделковски.

Тој побара веднаш да почне судска процедура против лидерот на СДСМ и тој да се најде во притвор, а државните органи да не мижат пред феноменот наречен Зоран Заев.

– Заев е човек кој ги има прекршено параметрите за бранење од слобода. Час поскоро мора да заврши во притвор каде е неговиот ортак Верушевски. Да одговара за  200.000 евра поткуп и за откривање на државни тајни за опремувањето на нашите безбедносни сили. Заев веднаш да се најде во притвор, да почне судска пресуда против него – побара Неделковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top