Пред пет судии во апелациониот суд обвинетиот кој го преживеа патронот тврдел дека не го удрил старецот. На дедо Љубе пак следната недела ќе му се суди за убиство и убиство во обид.
-Ќе барам оштета од старецот, рече Борче непосредно пред неговото судење за разбојништво, бидејќи пресудата од 8 години затвор изречена од кумановскиот суд по жалба повторно е пред повисокиот суд, објави ТВ Алфа.
Според обвинетиот Иванов, со пријателот Зоран Златанов од Кочани тргнале во селото Којково по долг од продажба на пушка. Негира дека го тепал старцот, тоа го правел Златанов кој почина од куршумот на дедо Љубе.
Според сведоштвото на дедо Љубе пак двајца со фантомки му ги барале парите од овците. Рацете и нозете му ги врзале со јаже, а неговата неподвижна жена ја покриле со ќебе преку глава која малку недостасувало да се задуши. Додека тие растурале по собите, Љубе се одврзал и земал пушка од подрум. Златанов го застрелал додека овој во рацете држел моторна пила, а Иванов успеал да избега.
Дедо Љубе доби голема поддршка на социјалните мрежи преку кој се бара слобода за старецот кој застана во одбрана на жената и имотот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст