| четврток, 6 декември 2018 |

Бесен копилот го истепал капетанот пред полетување

Air_India_803756S1

Индиската национална компанија Ер Индија ја укина дозволата за управување со воздухоплови на двајца свои пилоти кои „се искарале“ во кокпитот пред полетувањето.

Според пишувањето на Хидустан Тајмс, пак, копилотот го нападнал капетанот додека се подготвувале за полетување. Копилотот се разлутил на барањето на капетанот да запише информации за летот.

Ер Индија демантира дека имало физичко насилство и истакна дека се работи за вербална кавга и информира дека пилотите се суспензирани до крајот на истрагата.

По несреќата на авионот на Џерманвингс минатиот месец, неколку авиокомпании донесоа одлука во кокпитот задолжително да има двајца пилоти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top