| четврток, 6 декември 2018 |

Вечер: Заев ќе поттикнува верски џихад

zaev-pres-4

Членови на СДСМ и луѓе  блиски со Зоран Заев ги зачестија контактите со радикалните екстремисти од косовско Самоопределување, со кои заеднички планира создавање нереди во мај, пишува „Вечер“.
СДСМ преку нивниот хроничар Бранко Геровски и порачува на Владата дека не треба да соработува во Израел, затоа што во Македонија живеат муслимани, за кои Евреите и Израел се непријатели. Само во последниве години СДСМ прави проблем од македонската соработка со Израел во три наврати. Каде оди овој брод?, анализира Вечер.

Зошто Зоран Заев прави кавга со Израел? Кому и зошто му е потребно Македонија да ја наруши добрата соработка со третиот најсилен безбедносен систем во светот? Зошто Зоран Заев и СДСМ не ги откриваат донациите за безбедносните служби од САД или Турција, на пример, кои се многу побројни и веројатно поскапи од израелската, туку СДСМ упорно оди на растурање на соработката со Израелците?

СДСМ праќа расистичка и антисемитистичка порака

СДСМ преку нивниот хроничар Бранко Геровски и порачува на Владата дека не треба да соработува во Израел, затоа што во Македонија живеат муслимани, за кои Евреите и Израел се непријатели.

Само во последниве години, СДСМ прави проблем од македонската соработка со Израел во три наврати, иако на средбите со израелскиот амбасадор, редовно се жалат на состојбата во Македонија, а збор не спомнуваат за бизнис-зделките меѓу двете држави.
Најпрво, ја критикуваа македонската држава дека соработува со Израел за набавка на нелегални средства за прислушување. Второ, при официјалната посета на државниот врв, СДСМ излезе со став дека тоа е лош потег за Македонија, спротивен на европската политика за која се залага земјата, и трето, СДСМ сега откри договор кој преставува државна тајна и идентитет на луѓе претставници на израелската влада.

Зошто се удира на полицијата, а не на војската?
Освен податокот дека СДСМ удира на Јанкуловска, Мијалков, Јанакиески и Ставрески, кои се најблиските соработници на Груевски уште од времето кога премиер беше Љубчо Георгиевски, ударот врз државните институции е посилен и кога ќе биде урнат безбедносниот систем на Македонија. Зошто се оди на удар на полицијата, а не на војската?
Затоа што македонската полиција покажа неколку резултати кои ниту една регионална полиција не ги покажала во соработка со меѓународни институции, а тука се мисли на американските и европските.

1. Македонија има исклучително важни резултати во борба против организираниот криминал: трговија на луѓе и криумчарење дрога, за што земјата доби официјални признанија од САД и ЕУ.
2. Второ, стабилизирање на заканите од исламски радикализам во Македонија и Косово.
3. Изградба на системи за заштита од азиланти кои не го доведоа во прашање и безвизниот режим со ЕУ, како што е случај со Србија, на пример.

Колку и да барате во историјата наназад и официјално и неофицијално, не постои ниту една релевантна изјава, документ или акти на европска или американска институција со која се критикува или доведува во прашање работата и квалитетот на македонската полиција и нејзиниот професионализам.

Целата анализа прочитајте ја на Вечер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top