Странските инвеститори обезбедуваат работа за домашните компании. Грaдeжните фирми се со најмногу шанси. Во изградбата на производствените објекти за нив има најмногу работа. Тоа, пак, е причина бројот на вработени постојано да расте.
-Имаме веќе партенери со кои работиме и очекуваме да има и нови инвеститори со што ќе го зголемиме бројот на работни места, кој во моментов изнесува 40 – вели за МРТ, Мирче Додевски, стопанственик.
Најавите за нови инвестиции се сигнал дека градежниците и понатаму ќе имаат сигурна работа. Во индустриските зони во Велес се продадени сите парцели. Локалната самоуправа веќе почна процедура за создавање нови дваесетина парцели.
– Подготвуваме уште еден план на потегот во непосредна близина на топилницата, од левата страна покрај пругата. Потег во кој ќе има дваесетина плацеви за продажба на заинтересирани инвеститори од Велес – изјави градоначалникот на општина Велес, Славчо Чадиев.
Интензивни градежни работи во Велес се изведуваат во три индустриски зони. Тука се градат помали производствени капацитети, кои отвораат стотина нови работни места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст