| четврток, 6 декември 2018 |

Пешевски: Договор е постигнат со легитимниот претставник на средношколците

pese

Вицепремиерот Владимир Пешевски во денешното гостување во вестите на Сител говореше за постигнатиот договор со средношколците по однос на предметот математика при полагањето на државната матура.

Пешевски вели дека договорено е само за учениците на природноматематичките насоки во гимназиите,  математика да биде задолжнителен предмет во матурата.

-Оние кои избрале јазична насока, за нив странскиот јазик ќе биде задолжителен предмет, додека за оние на хуманистичките насоки да може да изберат дали сакаат математика или некој од останатите предмети. Над две третини од учениците ќе имаат право да го избираат вториот предмет, бидејќи мајчиниот јазик е задолжителен. Од аспект на она што е клучно за барањето, да се има избор тоа барање е исполнето и навистина не гледам простор понатаму да се продолжи со протести за прашањето во однос на тоа што ќе има на матурскиот испит. Тоа што беше клучно барање тоа е исполнето – смета вицепремиерот Пешевски.

Пешевски вели дека средношколската унија била избрана за преговори како организација која постои над 20 години регистрирана во Централниот регистар. До сега вели Пешевски, средношколската унија за одредени прашања била партнер и на ова и на претходните влади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top