| четврток, 6 декември 2018 |

Укинати забраните за камиони на Стража и на Пресека

Забраните за движење на тешки товарни возила на планинските премини Стража и Пресека се укинати од 14.50 часот попладнево, соопшти Автомото- сојузот на Македонија (АМСМ).

Претходно АМСМ соопшти дека поради свлечиште на патниот правец Прилеп-Ресен на обиколницата на Битола, сообраќајот е во целосен прекин за сите видови возила и се пренасочува низ Битола.

Поради снег, сообраќајот на патот Струга – граничен премин Ќафасан е затворен само за тешки товарни возила. Забрани за камиони на патните правци крак Маврово – Дебар и Тетово – Попова Шапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top