| четврток, 6 декември 2018 |

Државниот врв се сретна со белгискиот заменик-премиер Дидие Рејндерс

grujo belg

Претседателот Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска го прими Дидие Рејндерс, заменик-премиер и министер за надворешни работи на Кралството Белгија. Тие разговарале за актуелните политички прашања и билатералната соработка на двете земји.

Рејндерс се сретна и со претседателот Ѓорге Иванов. Двајцата соговорници размениле мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Кралството Белгија. Заедничка констатација била дека односите и соработката меѓу двете земји имаат позитивна развојна динамика, а особено задоволство било истакнато од фактот што трговската размена меѓу двете земји е во континуиран пораст.
001

Македонскиот претседател ја поздрави и соработката во другите области, особено во областа на одбраната, здравството, внатрешните работи, труд и социјална политика, животната средина.

На средбата биле разменети мислења и информации околу актуелната политичка состојба во Република Македонија, како и за состојбите и очекувањата во врска со членството на Република Македонија во ЕУ и во НАТО. Претседателот Иванов истакнал дека членството во Европската унија и во НАТО останува највисок приоритет за Република Македонија, за што земјата посветено ги исполнува преземените обврски.

– Поради предолгата статус-кво состојба во интеграциите, Република Македонија се соочува со сериозни предизвици кои создаваат фрустрации во македонското општество, нестабилност во политичкиот живот и тензичност во меѓуетничките односи, истакнал претседателот Иванов на средбата, потенцирајќи дека позитивните примери на паралелно движење на преговорите за членство и надминувањето на билатералните разлики, треба да се примени и во случајот на Република Македонија.

На средбата биле разменети мислења за состојбите во регионот и актуелните случувања на меѓународен план.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top