Тројца се убиени, меѓу кои и напаѓачот во престрелка што се случила ноќеска во американската воена база Квантико во Вирџинија, во која се наоѓа познатата академија на ФБИ.
Напаѓачот, според првичните информации, бил маринец кој на крајот сам си го одзел животот. Мотивите сѐ уште не се познати.
Базата, која е една од најпознатите во кои се сместени американските маринци, беше целосно блокирана во текот на ноќта, а кога почнала престрелаката во 23 часот, се огласила тревога и сите биле повикани да излезат надвор.
Базата се наоѓа во близина на градот Трајангл, се простира на површина од 26 квадратни километри и е позната како крстосница на маринците. Во неа престојуваат повеќе од 12.000 воени лица, вработени цивили и нивните семејства. Годишниот буџет на базата е 300 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.