Поради свлечиште на патниот правец Прилеп-Ресен на обиколницата на Битола сообраќајот е во целосен прекин за сите видови возила.
Сообраќајот, како што информира Автомото-сојузот на Македонија, се пренасочува низ Битола.
Претходно, Автомото-сојузот на Македонија соопшти дека поради снег сообраќајот на патниот правец Струга – Ќафасан е затворен само за тешки товарни возила.
Поради остатоци од снег на коловозите и понатаму важат забраните за движење на тешки товарни возила и на планинските премини Стража и Пресека, како и на патните правци крак Маврово – Дебар и Тетово – Попова Шапка. За патничките возила движењето е отежнато и се препорачува употреба на зимска опрема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.