Американската тениска легенда Џенифер Капријати е пријавена во полиција од нејзиното поранешно момче дека го тепала и постојано го малтретирала.
Последниот инцидентот се случил на Денот на вљубените додека Иван Бренон вежбал во сала. Бренон ѝ рекол на полицијата дека се обидел да побегне во машката гардероба, но дека неговата поранешна девојка го стигнала и го удрила по гради. Тој додал дека врската ја раскинале во 2012 година затоа што таа била насилна, но дека од тогаш Капријати го следи и го малтретира. Поради нападот, решил да ја тужи, па така Капријати ќе треба да се појави на суд на 17 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.