| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден пешак прегазен во Скопје

soobracajka-cair-2

Фото: Архива

Седумдесет и шестгодишниот Милутин К. од Скопје е третиот пешак кој во последните неколку дена го загуби животот на скопските улици.

Од СВР Скопје известуваат дека несреќата се случила вчера на улицата „Бутелска“ околу 17.40 часот, кога возило „шкода фаворит“, со скопски регистерски таблички, управувано од А.Т. (74) го прегазил скопјанецот.

Тој веднаш бил пренесен во Ургенстниот центар, каде што по неколку часа им подлегнал на тешките повреди.

Полицијата ги утврдува причините за несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top