Дваесет и осумгодишната Линдзи Поп од Велс била оставена од нејзиниот свршеник да умре во автомобилот додека тој, откако во пијана состојба предизвикал тешка сообраќајна несреќа, наместо да повика брза помош, си заминал дома да спие.
Мртвото тело на девојката во автомобилот што завршил во дрво го пронашле возачи што минувале по патот. Тие повикале полиција, но жената, која била мајка на две деца, веќе била мртва.
Триесет и шестгодишниот Кајрон Кук е осуден на четири години затвор откако признал дека пред да ја предизвика сообраќајна несреќа пиел алкохол и пушел марихуана.
Таткото на девојката рекол дека ќе му прости ако ја преземе грижата за децата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.