Министрите за надворешни работи на Унгарија, Македонија, Србија, Грција и Турција утре на средба во Будимпешта ќе разгледуваат перспективи за учество во проектот „Турски тек“.
Како што е најавено, ќе бидат разменети мислења меѓу петте држави за тоа дали се подготвени да се реализира проектот за нов гасовод „Турски тек“, односно нова траса за снабдување на регионот со природен гас, како алтернатива на „Јужен тек“.
„Турски тек“ е проект на руски „Газпром“ за пренос на гас преку Црно Море до Турција и од таму до турско-грчката граница.
Русија во декември лани соопшти дека се откажува од проектот „Јужен тек“ поради „неконструктивна позиција на Европската унија“ и беше одлучено да се гради „Турски тек“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент