Две жртви и 25 повредени лица е билансот од 26 сообраќајни несреќи што се случиле во изминатите три дена во Скопје. Поради жртвите, безбедносната состојба во делот на случените сообраќајни незгоди, според сообраќајната полиција, се оценува како неповолна.
Првата незгода со жртва се случила на 3 април, во 20 часот и 40 минути на крстосницата од бул. „Партизански одреди“ со ул. „ Косовски херои“, во непосредна близина на Универзалната сала. Во незгодата учествувале патничко моторно возило „хонда“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак на 21-годишна возраст, жител на Крива Паланка. Како последица на незгодата од здобиените повреди на лице загинал пешакот. По незгодата возачот со возилото заминал од местото на настанот и по извесно време случајот го пријавил во полициската станица Ѓорче Петров. Од страна на увидната екипа на СВР Скопје предводена од јавен обвинител извршен е увид на местото и преземени се натамошни мерки со цел утврдување на околностите кои довеле до случување на незгодата.
Втората незгода се случила на 5 април, во 17 часот и 40 минути на ул. „Бутелска“ во која учествувале патничко моторно возило „шкода фаворит“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак на возраст од околу 75 години, граѓанин на Скопје. Како последица на незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и со возило е пренесен во Ургентниот центар каде што им подлегнал на повредите.
Во петокот, на 3 април, покрај незгодата со загинато лица, случени се уште пет сообраќајни незгоди со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле 10 лица, а шест незгоди се со последица материјална штета.
Завчера е извршен увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, седум се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повредна во кои со полесни повреди се здобиле пет лица.
Вчера, пак, се евидентирани осум сообраќајни незгоди. Покрај несреќата со последица смрт, четири се со последица материјална штета, а три со телесна повреда во која се повредени 10 лица.
Во изминатите три дена сообраќајната полиција санкционирала 41 возач кои возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, 98 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од кои 29 возеле со брзина од над 90 километри на час во населено место, 24 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон во тек на возење, како и 21 пешак кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорите за пешаци.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 98 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај денеска при СВР Скопје ќе одржи едукативни активности во ОУ „Конгреси Манастири “ кое се наоѓа на територијата на општина Чаир.
За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст