| четврток, 6 декември 2018 |

Зима во април

hitportal-ladno-vreme
Снегот во повисоките региони продолжува и денеска, но со помал интензитет. Снег може слободно да се очекува и во полошкиот и во дебарскиот регион. Дожд се очекува на пониските места во источниот и во југозападниот регион. Според „Метеопро“, врнежите во текот на денот ќе имаат променлив интензитет. Претпладне ќе почне да дува умерен, претежно северозападен ветер. Највисоката вредност на температурата во северната половина од земјата ќе има вредност 5 Целзиусови степени. Југозападниот регион очекува максимална 7 Целзиусови степени, додека во југоисточниот регион највисоката дневна температура ќе има вредност до 10 Целзиусови степени.

Во Скопската Котлина се очекува облачно време. Врнежите во Скопје ќе траат во текот на целиот ден и ќе имаат променлив интензитет. Ќе дува умерен северозападен ветер. Највисоката вредност на темературата во текот на денот ќе има вредност 5 Целзиусови степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top