| четврток, 6 декември 2018 |

Стоиљковиќ најдобар на ИКАС 2015, Атанас Николовски заврши втор

Kajak-Matka-IKAS-740x320-top

Српскиот кајакар Душан Стоиљковиќ победи на 47. издание на меѓународниот кајакарски натпревар Илинденски кајак слалом – ИКАС. Временските услови на патеката Матка ја отежнаа задачата на сите учесници, но Стоиљковиќ успеа да обезбеди најдобро вкупно време по двете возења на врнежливото време.
Нашиот Атанас Николовски го освои второто место со задоцнување од 2,65 секунди, а победничката тројка беше заокружена со уште еден Македонец, односно Борче Мицевски.
На натпреварот во женска конкуренција во К-1 триумфираше Викторија Ус од Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top