| четврток, 6 декември 2018 |

Героски ќе брани се, па и Ал Каеда, само „да падне режимот“

gero karikaturaТокму кога ќе помисли човек дека степенот на глупост кај опозициските мегафони не може да оди подолу, дека кај нив постои интелектуален „државнички“ резон кој што нивниот лидер Заев го загуби во лудоста наречена „Бомба“, се појавува нова колумна на двигателите на „реакционерството“ кои треба да ги оправдаат соросовите пари.

Нема ниту еден сегмент во јавноста која што не се посомнева во исправноста на чекорот Зоран Заев во налет на страста да се нанесе штета на власта, дека ги наруши меѓународните и безбедносните позиции на државата. Нема никаков сомнеж дека Заев открива државна тајна, врски и меѓународната соработка на безбедносните служби. Открива и како и со што се осовременува државната безбедност. Згора на тоа го загрози животот на функционер на израелската служба, со откривање на неговиот идентитет.

Во одбрана на Заев застана најревносниот платеник на соросовиот фонд, човекот- проект на СДСМ, главниот подбуцнувач на граѓански судир, Бранко Героски. Творецот на јавното мислење кој што во име на мирот и демократијата повикуваше на линч и крв на улиците при реакцијата на револт во скопско Ѓорче Петров кога згасна млад човечки живот заради украден велосипед; суптилен подбуцнувач при тензиите поврзани со „Монструм“; главен пренесувач на антимакедонски позиции во 2001 година во тогашниот весник „Дневник“ под негово раководство… Примери има многу, но сите негови делувања се поврзани со пари одобрени за тоа од Владимир Милчин и централата на СДСМ на Павел Шатев.

mirka за героГероски сега недоветно прашува „Како може државна тајна да оддаде некој што не му е доверена на чување? Како тој воопшто може да знае дали некоја информација е државна тајна или не е“?  Героски, како човек кој бил „носен“ како полициски инсајдер од Љ.Д. Фрчкоски во Пулс, според сведочењата на Мирка Велиноска, потоа како главен човек за креирање на партиско гласило „Дневник“ за што парите ги обезбеди (повторно) Фрчкоски за да притоа се прикаже дека „има плурализам во медиумскиот простор“, за кариерата да ја продолжи со проекти поврзани со бизнисите на газда Велија и пред се Сорос, многу добро знае што е, а што не е државна тајна и што значи нејзино откривање.

Героски добро знае дека Заев, како љуби самиот да каже, „не е од вчера и е долги години во политиката“, ако не разликува со што може, а што не би смеел „да си игра“ ДиЏеј, тогаш треба под итно да си замине од политиката и да се врати на прскање на корнишоните.

Героски е единствено во право дека никој од државава не му ја доверил тајната на Заев. Но, низата недоветни прашања кои ги поставува, Героски го избегнува најважното- кој му ги доверил на Заев тајно снимани разговори во кои се откриваат државни тајни и со која цел? И каков криминал откри Заев со објавувањето на фотографијата и личните податоци на израелскиот офицер? Дали тоа не е загрозување на туѓа безбедност? Или можеби токму со тоа се исполнува главното барање на агендата која ја исполнува Героски- предизвикување етничка тензија и нарушување на меѓународните позиции на државата во дневно партиска агенда?

За да може сето тоа дополнително да го забошоти, Геровски во последната колумна, најблаго речено, глуми згрозен од сознанието: како тоа Македонија соработува со Израел!?

gero za geroПа во стил на „француска собарка“ повторно си поигрува со меѓуетничкиот нервен систем. Без никаков срам и чувство за одговорност повикува на религиските чувства повторно во обид за нарушување на соживотот. Во скриптата насочена кон исламската заедница во Македонија тој пишува:

„Во муслинскиот свет, Израел се смета за држава непријател. Македонија е мултирелигиско општество, во кое муслиманите сочинуваат значаен дел од населението. Умно ли е владата да склучува безбедносни аранжмани со Израел од било каков вид, без една поширока јавна дебата за значењето на тие договори и за позитивните, но и за можните негативни последици за безбедноста на земјата?“

Македонија (еве уште една тајна за Героски, јавна за општеството) е на браникот на светот од џихадистите на Исламската Држава. Героски можеби не знае, а можеби и поддржува, дека и македонски државјани патуваат во исламската света војна заедно со други „кучиња на војната“ од Балканот. Заради тоа, а на барање на „меѓународната“ Македонија донесе закон за справување со нив. Зад овој закон застанаа ЕУ и НАТО. САД , како стожер во НАТО, пак се стратешки партнери на Израел.

Во налет да ја заврши домашната задача Героски заборавил да наброи солуција која би го одразувала мултиетничкиот карактер. Дали можеби Героски забележува и на безбедносната соработка со НАТО, САД, Интерпол, Еуропол..? Дали покрај стратешкото партнерство со Израел, Македонија заради отсликување на квотата на реалните чувства во државата, таа треба во еден дел да застане и зад Исламската држава? Дали Героски ќе застане и во редовите на ИД само да му помогне на Заев?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top