| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува да работи Медицинскиот симулациски центар на ГАК

todorov-n_thumb_medium500_332

Започнува со работа Медицинскиот симулациски центар на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, каде ќе можат да се извршуваат голем број на комплексни симулациски вежби.

12

Ново oтворениот медицински симулациски центар ќе биде местото каде што започнувајќи од денес, студентите, специјализантите, докторите и оние кои го полагаат државниот испит ќе можат да се обучуваат и да тренираат симулациски вежби изведени на манекени во животно загрозувачки ситуации, врз основа на протоколи и врз основа на стандарди.

13

– Симулацијата е така предвидена да се симулираат животно загрозувачки ситуации, а кандидатите кои се во симулацискиот центар треба да ги преземат сите мерки за стабилизирање на пациентот, односно  враќање на виталните функции. Целиот процес се снима и се набљудува од страна на едукатор кој што ја опсервира работата на кандидатот од друга просторија а потоа врз основа на тоа што е превземено го оценува кандидатот дали ги презел сите предвидени мерки или не, појасни министерот за здравство Никола Тодорв.

14

Симулациските вежби се од особена важност бидејќи со тоа кандидатите се стекнуваат со практични вештини од најразлични ситуации, кои подоцна ќе можат да ги применат врз пациентите.

-Симулацискиот центар располага со еден адутен модел, еден педијатриски, гинеколошки и лапароскопски тренажер, посебен симулатор на кој може да се едуцираат кандидатите за вршење на лапароскопски интервенции во повеќе области на хирургијата, како и поголем број на помали модели кои се користат во едукацијата на студентите во различни сегменти, додаде Тодоров.

15

Во симулацискиот центар ќе се прави база на снимени интервенции, без идентитетот на пациентот, која подоцна ќе служи за едукација на студентите и специјализантите. 

110

Вредноста на опремата е во износ од околу 37 милиони денари, а едукатори во центарот ќе бидат доктори од Клиниките во Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top