| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Односите меѓу Русија и Кина се најдобри досега

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руско-кинеските односи во моменот се најдобри досега во повеќевековната историја.

– Фактот дека Русија е првата земја што ќе ја посети новиот претседател на Кина, Кси Јинпинг, потврдува посебна природа на стратешкото партнерство меѓу Русија и Кина – рекол Путин.

Кинескиот претседател ќе ја посети Русија од 22 до 24 март.

– Руско-кинеските односи се карактеризираат со висок степен на доверба и партнерство – рекол Путин во интервју за агенцијата „Итар Тас“.

Тој нагласил дека заедничкиот пристап на двете земји кон суштинските меѓународни прашања претставува важен фактор на стабилност во светската политика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top