Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх, Киро Стојанов и до католичките верници кои го прославуваат Христовото Воскресение – Велигден.
„На овој ден сите христијани се присетуваат на пораката испратена со Христовото жртвување за спас на човештвото. На Велигден се разгласува веста за Христовото воскресение која е радост, утеха и поука за верниците. Нема поголема радост од онаа кога се празнува животот. На овој ден споменуваме за победата на животот над смртта. Христовата жртва нека биде благослов и мотив за да ја шириме пораката за човечноста, мирот, разбирањето и заедништвото. Нека е за многу години големиот христијански празник! Христос воскресна!Навистина воскресна! – се вели во честитката од претседателот Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Заев со честитки за Курбан Бајрам: Да ја јакнеме заедницата како едно општество за сите
-
Мицкоски го честита Бајрам: Богатството е во различностите на верите, културите и традициите
-
Мицкоски со честитка до припадниците на АРМ: Нашите војници ги исполнуваат највисоките НАТО стандарди!



