Непознати сторители во изминативе денови ограбиле четири цркви во подшарпланинските села во Гостиварско. Украдени се околу 1.300 денари, прилози од верниците, и причинета е материјална штета од околу 9.000 денари
Според СВР Тетово, во селата Лешница, Долно Јеловце и Печково, во периодот од 2 до 4 април со насилно отворање на влезните врати било провалувано во објектите и од кутии за прилози биле одземени пари.На мета на крадците биле црквите „Св. Никола“ во Печково, „Св. Ѓорѓија“ и манастирската црква во Долно Јеловце и „Св. Никола“ во Лешница. Сите четири кражби се извршени на речиси идентичен начин и најверојатно од исти лица.
Полицијата изврши увид и презема мерки за расветлување на кражбите во верските објекти во Гостиварско.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)



