| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе има ли ново поскапување на горивата утре?

benzinska pumpa

Цената на американската „лесна“ нафта на берзата во Њујорк поевтини 52 центи при вчерашното тргување и сега се продава за 49,57 долари за барел. Северноморската нафта од типот „брент“ пак, врз основа на која се формираат и цените на горивата во Македонија, на берзата во Лондон поевтини за 50 центи на 56,60 долари за барел, јави Франс Прес.

Но, по укинувањето на санкциите кон Иран, којшто е голем производител на нафта се очекува цената на нафтата да се спушти на подолг рок. Секако претстојат тешки денови на финализирање на договорот кој Иран го потпиша со шесте големи светски сили за нуклерната програма, во замена за постепено  укинување на санкциите.

Сепак, на краток рок цените на енергенсите во Македонија не се очекува да се намалат. Утре Регулаторната комисија за енергетика ќе направи нова корекција на цените.

По последната одлука на РКЕ, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се променија, односно остануваа 67,50 и 69,50 денари за литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намали за два денара за литар и чини 53,50 денари. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намали за 1,50 денари за литар и изнесува 42,50 денари.

Со одлуката на РКЕ за 0,677 денари за килограм се намали и цената на мазутот М-1 НС и сега изнесува 26,248 денари.

Секако последниот збор ќе го даде Регулаторна на утрешната редовната седница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top