Најновата швајцарска студија покажа во колкава мера карактерот ја одредува килажата и дека најголеми шанси да бидат дебели имаат невротични лица и екстровертите бидејќи имаат најголема тенденција кон прејадување.
Невротиците јадат повеќе за да можат полесно да се справат со негативните емоции, додека екстровертите конзумираат повеќе калории од причина што главно јадат во друштво.
Швајцарскиот федерален Институт за технологија собра 1.000 одговори на три прашалници за прехранбените навики, изборот на храната и карактерот на лицата. Последниот прашалник бил направен така да идентификува пет основни елементи на нечиј карактер, отвореност, свесност, екстровертност, невротичност и пријатност.
Невротичните лица можат да јадат многу калорична храна за да се изборат со своите негативни емоции, додека екстровертите имаат тенденција да јадат повеќе нездрава и брза храна и да пијат повеќе алкохол од причина што по природа се подруштвени и речиси секогаш се во друштво на луѓе.
Исто така, идентификувани се три групи на луѓе кои се прејадуваат. Тоа се тие кои хедонистички уживаат во јадењето и гозбата и продолжуваат да јадат бидејќи никогаш не се чувствуваат сити, потоа тие кои постојано копнеат за храна и не можат да престанат да размислуваат за неа, како и емоционални прејадувачи кои своите негативни емоции и фрустрации ги лечат со конзумирање на најчесто нездрава храна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



