| четврток, 6 декември 2018 |

Тага и болка во Крива Паланка за загинатата сограѓанка

Веста за трагичната несреќа која се случи синоќа на булеварот Партизански одреди, а во која беше прегазена 20-годишната студентка Фросина Ц. од Крива Паланка, им донесе тага и болка на нејзините сограѓани.

pregazena

Порталот „Кривапаланкаинфо“ пренесе АПЕЛ до граѓаните на Крива Паланка денеска да ја сопрат музиката во кафеаните и дискотеките во знак на жалост за нивната сограѓанка, 20-годишната студентка која синоќа беше прегазена во Скопје.

Во апелот се наведува дека прегазувањето со брзина на автомобилот со 160 км на час на пешачки премин не е несреќа, туку убиство.

Младата студентка синоќа околу 20 и 45 беше прегазена на булеварот Партизанска кај Универзалната сала од 26-годишно момче со возило хонда кое побегнало од местото, но потоа сам се пријавил во полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top