| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Раководството на СДСМ се марионети кои ја брукаат цела држава

4
Мислат дека на најбрутален и подмолен начин ќе влезат во животите на сите нас, ќе измонтираат или прикажат во друг контекст наши разговори, ќе сечат, ќе лепат, ќе манипулираат, и дека тоа е доволно да ги одбере народ, да може да се наречат себе си политичари, рече Груевски на народниот собир во Тетово.

-Вие драги мои од раководството на СДСМ не сте политичари, вие сте обични марионети, кукли, извршители на туѓи агенди, без никаква идеја, без никаква визија, кои се криете зад некои поими како што се слобода и демократија, сакајќи да ги монополизирате, мислејќи дека само вие имате право да кажувате што е тоа слобода и демократија а што не е. А притоа нвредувате, лажете, манипулирате, креирате, покажувате гнев и омраза, а всушност слабост, и најважно од се, свесни сте дека не ви оди. викате нема медиуми а не сте симнати од екраните и од весниците и порталите, викате нема слобода, а на глава ни се качувате најслободно пуштајќи се и сешто што ќе ви падне на памет, брукајќи ја целата држав, рече Груевски..

Тој нагласи дека сепак народот знае многу добро да препознае. Народот знае што значи да се бориш за Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top