Од 2008 година до сега бројот на невработени во Тетово е намален за 11.500 лица (од 29747 на 18230), а бројот на невработени лица во Гостивар е намален за 6700 лица (од 16721 на 10003). Со Отписот на долговите во полошкиот регион досега се позитивно решени над 1700 предмети, од кои над 500 само во Тетово и со кои се отпишани долгови на граѓаните во висина од над 3 милиони евра. На бесплатна бањско климатска рекреација од овој регион досега беа 2700 пензионери, оваа година нови 400 пензионери ќе ја искористат оваа можност, а 230 пензионери од регионот годинава ќе одат на бесплатен туристички викенд. Во регионот се легализирани повеќе од 7600 објекти, од кои околу 4000 само во Тетово – посочи премиерот Никола Груевски на денешниот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово.
Тој потсети на реализираното досега, на она што ќе биде допрва реализирано и најави две нови странски инвестиции.
-Така се сака Македонија!!! Само така и никако поинаку! Тоа е нашата борба за Македонија! Затоа не поддржува народот. Народот го знае тоа и никој не може да го прелаже. Така се бори за Македонија и никако поинаку! – рече Груевски пред тетовци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



