Јавното претпријатие за државни патиштаи оваа година продолжува со осветлување на клучките и влезовите во градовите низ државата. Во таа насока осветлен е надпатникот и средишниот дел на клучката на влезот во Куманово.
Во должина од 600 метри поставени се 12 двокраки канделабри со висина од 12 метри како и четири рефлектори под надпатникот .Осветлувањето е изведено со систем на намалување на потрошувачката на електрична енергија(димирање) на сите светилки со намалување на влезниот напон.
Инвестицијата за изведување на осветлувањето е во вредност од 3 милиони денари. Осветлувањето од вчера е пуштено во функција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.