Премиерот Никола Груевски денеска од Тетово уште една повтори што зза ВМРО-ДПМНЕ и оваа владејачка гарнитура значи да се бориш за Македонија. Тој го напомена проектот Таблет за секое дете.
– Пред три недели најавивме ваучери за студентите од 3та и 4та година, чии родители имаат пониски примања од просечната плата во Македонија, ваучери со кои бесплато ќе можат да си набават таблет со тастатура. Законот веќе помина во парламентот и постапката за аплицирање е започната – рече тој.
Не го заобиколи ниту мега-проект за огромни стимулации за фирмите со цел вработување на невработени лица.
–Законот е веќе во Парламентот во процедура на усвојувње. Ги опфативме младите до 35 години, за чие вработување секој работодавач ќе добие ослободување од персонален данок и придонеси цели три години, со обврска да ги задржи уште најмалку една година на работа. Ги опфативме сите граѓани на возраст меѓу 35 и 50 години кои повеќе од 10 години немаат работа, со мерка со која работодавачот кој би ги вработил нема да плаќа за нив придонеси цели 5 години, со обврска да ги задржи уште најмалку една. Ги опфативме и оние над 50 години, за кои фирмата која ќе ги вработи во наредната една година, нема да плаќа придонеси за нив цели 5 години без никакви обврски потоа, додека оние кои ќе вработат некој кој има 58 години или повеќе, до нивното заминување во пензија, кога и да е, ќе ги има тие привилегии – рече Груевски.
Тој нагласи дека во посебна група се опфатени и најранливите категории граѓани, како оние кои се приматели на социјална помош, инвалидизирани лица, родители на деца со посебни потреби, деца израснати во домови за деца без родителска грижа, професионални војници, самохрани родители и еднородителски семејства, и други ранливи каатегории, за чие вработување исто така се предвидув 5 годишно ослободување од придонеси.
-Од причина што се соочивме со поплави какви што се јавуваат еднаш во 30-40 години, објавивме дека штетите на земјоделците и домаќинставта ќе ги исплатиме во 100 поцентен износ од проценката на проценителите, и за ова течат подготвителни постапки. Пред 10 дена го највивме и веќе стапи на сила, седмото по ред поевтинување на лековите, овој пат на 542 лека, и само со ова намалување граѓаните ќе заштедат 1.6 милиони евра годишно, кои инку би завршиле кај фармацевските олигарси. Во последните три недели, најавивме и градба на над 10 нови фабрики низ Македонија , во кои ќе има околу 6 илјади нови вработувања. Најголем дел од волонтерите, договорците на дело, вработените на определено време веќе ги имаат во свои раце заслужените решенија за работен однос во администрацијата на неопределено време. Ветено-сторено – посочи Груевски нагласувајќи дека најавените 5 осто зголемување на социјалните помошти, ги претвориле во 10 осто зголемување од јуни годинава, за што законот веќе е на увојувње во парламенот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



