| четврток, 6 декември 2018 |

Што му рекол Бранко Црвенковски на Заев: Браво, ама пошто ти не можеш да победиш, нека дојде некој посвеж

crvenkovski zaev 1

Лидерот на опозицијата Зораан Заевда им го оставиме на СДСМ, нека си се занимаваат тие со него сега, и нека си бараат, како што веќе почнале, начини како да се отарасаат од него, некој друг да го замени, зашто нели овој бил под кривична пријава и имал многу негативно минато. Можам да замислам, како што се збори дека неодамна се виделе на подолго со Бранко Црвенковски, што Бранко му рекол:

Му рекол, слушај Зоки, да ти кажам прво алал да ти е, многу си јак, и многу храбар мајката, вакви како тебе ретко има, вакви работи да прават, вака силни типови, со боринче ги баравме по цело СДСМ сите овие години, ама еве ти алал да ти е, многу храбро… Туку, види, продолжил Бранко, ти голема работа заврши, за сите, ние нема да заборавиме тоа, се прослави многу, знаеш, во цел регион, еве ми се јавуваат од разни околни држави, и ми викаат браво за Заев, вакво нешто во цел регион на никого не му текнало….значи браво…ама добро е сега пошто знаеш дека ти не можеш да победиш, ако може да дојде некој посвеж, знаеш, да си ја проба среќата…ама тебе ќе те памтиме кога ќе дојде денот и не те оставаме на цедило, ако треба пак ќе станам претседател на држава и ќе те аболицирам ако треба...

Ова го посочи лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Македонија, Никола Груевски и  на денешниот народен собир во Тетово. Тој пред тетовци додаде:

Мислат дека на најбрутален и подмолен начин ќе влезат во животите на сите нас, ќе измонтираат или прикажат во друг контекст наши разговори, ќе сечат, ќе лепат, ќе манипулираат, и дека тоа е доволно да ги одбере народ, да може да се наречат себе си политичари. Вие драги мои од раководството на сдс не сте политичари, вие сте обични марионети, кукли, извршители на туѓи агенди, без никаква идеја, без никаква визија, кои се криете зад некои поими како што се слобода и демократија, сакајќи да ги монополизирате, мислејќи дека само вие имате право да кажувате што е тоа слобода и демократија а што не е.
А притоа навредувате, лажете, манипулирате, креирате, покажувате гнев и омраза, а всушност слабост, и најважно од се, свесни сте дека не ви оди. викате нема медиуми а не сте симнати од екраните и од весниците и порталите, викате нема слобода, а на глава ни се качувате најслободно пуштајќи се и сешто што ќе ви падне на памет, брукајќи ја целата држава.

Но народот знае многу добро да препознае. Народот знае што значи да се бориш за Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top