| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Човек не може а да не си каже, па добро дали е нормален Заев

gruevski-zaev

Секоја недела овие марионетиве домашни прават се поголеми и поголеми грешки. Секоја недела по уште една нова штета за нашата држава. И ај што ги слушавме како креираат лаги против секој од нас на најбрутален начин, ставајќи ги во измислен контекст своите прес конференции, пред некој ден направија огромна, сериозна грешка и голем удар за државата – изјави денеска премиерот на Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на големиот партиски народен собир во Тетово.

Тој додаде дека опозицијата може да се прави сега недоветна и да се брани колку сака, но тоа што го направија е рамно на велепредавство, обидувајќи се да наштетат на нашите безбедносни институции, да ги загрозат нивните позиции, да ја уништат соработката и партнерството со земји кои со децении наназад ни помагаат во различна форма.

Замислете, онака како да се работи за некоја обична пресконференција од оние недоветните на портпаролот Петре Шилегов, или уште повеќе оние на оној аболицираниот од Струмица кој сам се фали дека направил милиони евра, и така замислете, си излегуваат сите како петли на прес-конференција, така гордо, па овој нели го пречекуваат со аплауз, демек големиот херој, тој се појавува те насмеан, те наводно со спуштена веѓа, демек загрижен за тоа што се случува во државата, мртов ладен издава државна тајна. Човек не може а да не си каже, па добро дали е нормален овој човек? Не е ни чудно што веќе и цела меѓународна заедница не скриено го поставува истото прашање за него – им посочи Груевски на насобраните симпатизери, членови и поддржувачи во Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top