| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Тоа што го прави СДСМ ќе им се врати како бумеранг, затоа што одбраа погрешен пат

gruev

Веќе трета недела по ред одиме низ Македонија на вакви настани, а веќе 6 недели наши тимови, наши функционери и наши истакнати членови и поддржувачи одат по населените места низ Македонија и ја шират нашата порака, одат од едно во друго мето, од дом во дом, разговараат со семејствата, со граѓаните, пренесувајќи ги нашите идеи, проекти, нови мерки, нови конкретни чекори кои ги превземаме за да помогнеме на луѓето, за да создадеме нешто ново, за да отвориме ново работно место, да изградиме нов пат, водовод, училиште, да помогнеме на пензионерите, земјоделците, студентите, вработените, невработените…Но, и да одговориме на сите оние гнасни лаги и манипулации кои ги шират против нас, кои ги конструираа мислејќи дека ќе го прелажат македонскиот народ, дека ќе не претстават и направат нешто што не сме, како народот да не не познава…..дека ќе не престават за нечовечни, за криминогени, или за насилници, да не оцрнат преку смислено сценарио и подли манипулции, ….тоа е она потценување кое им е врежано во кодот, и мислат дека ако изиграат вака валкани сценарија дека народот ќе им поверува и дека ќе заборави зошто гласал за нас и кои сме ние, кое е нашето дело, учинок, наашин на живот и работа, која е нашата цел и мисија, ….  го потценија македонскиот народ и граѓаните на Македонија, токму тоа е најголемото промашување во нивното сценарио, го потценија народот и љубовта на нашиот народ кон сопствената држава, и нивниот капацитет за расудување и препознавање кога некој прави нечесна и валкана игра, тоа е тоа што нив ќе ги урне како кула од карти, тоа е тоа што ќе му се врати како жесток бумеранг на инспираторот на ова мрачно сценарио според кое ќе се урне надежта кај нашиот народ, според кое треба да се сруши се во кое тој верува, да се обесхрабрат и разочараат во нас луѓето,  да се дестабилизираат институциите и да може да хара овдека кој како сака и да спроведува туѓи агенди… – посочи премиерот Никола Груевски на денешниот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово.

Лидерот на партијата пред тетовци посочи дека ова што го прават СДСМ ќе им се врати како бумеранг затоа што, како што нагласи, одбраа погрешен пат.

Ќе им се врати како бнумеранг затоа што одлучија да се здружат и да си ја продадат душата на некого, против интересите на државата…. Ние сме тука пред вас, и јавно им порачуваме и од овдека, од Тетово, Македонија е посилна од вас, народот е помудар од Заев и неговата група, народот е нашиот бедем, со чисто срце и волја ќе се бориме за нашата Македонија и за секој еден наш граѓанин, и ќе работиме уште посилно и уште повеќе – додаде тој.
Понатаму нагласи:

И  ако нешто успеаја да направат овие од опозицијата со нивните мрачни игри, успеаја да ни направат дополнителна мотивација за уште повеќе мерки и проектии, кко и решавање на проблеми на народот, додатна мотивација од кои ќе произлезат  многу нови мерки, многу добри и конкретни работи за нашиот народ, во сите сегменти, со цел да обезбедиме подобри услови и подобар живот, повеќе можности. Тоа е нашиот одговор, тоа ќе биде одговорот на Македонија, кратко и јасно – Ние можеме да работиме, да креираме, да создаваме, да помагаме на нашиот народ, и нема да дозволиме да не вовлечете во вашите сценарија! Тоа е нашата борба за Македонија! Тоа е како ние ќе одговориме, со работа, со многу работа, да ја оправдаме уште повеќе, големата поддршка која народот ни ја дава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top