| четврток, 6 декември 2018 |

Научниците сѐ уште истражуваат што сѐ прави хормонот на љубов

Окситоцинот не престанува да ги интригира експертите со своите бројни функции, па се поголем број студии ни го откриваат неговото дејство.

Хормонот кој телото го создава во текот на бакнување, галење, прегратки, сексуални односи, често токму поради начинот на кој се поттикнува неговото лачење, се нарекува хормон на љубовта.

Се работи за хормон на неурохипофизата, карактеристичен за цицачите, кој создава хипоталамус. Многу претходни студии покажаа дека окситоцинот игра важна улога во репродукцијата, а посебно е важен за породувањето бидејќи предизвикува контракции. Ветеринарите затоа често го даваат на женки животни за да им го олеснат породувањето.

Покрај тоа, тој е неопходен за создавање на млеко кај мајките. Се смета дека е од пресудна важност за воспоставување на врска меѓу мајката и новороденчето.

Покрај тоа, научниците одамна утврдиле дека окситоцинот е важен за постигнување на оргазам, социјална идентификација, вљубување… Постојат и теории дека тој влијае и на етноцентричното однесување така што ја зголемува довербата и емпатијата кон затворена група толку многу што сите тие кои не се нејзин дел се одбиени.

Сите овие дејствија на окситоцинот, помалку или повеќе се познати и одамна утврдени. Сепак, иако списокот на интересните функции на овој хормон е подолг, тој се уште ги интригира водечките експерти, поради што се почесто се спроведуваат опсежни студии за него. Резултатите од овие истражувања покажуваат се поинтересни дејствија на окситоцинот, а тие интересно најчесто се однесуваат на мажите.

Окситоцинот за трезнење

Истражувањето на научниците од Универзитетот во Сиднеј и Универзитетот во Регензбург утврди дека засиленото лачење на овој хормон ја намалува опиеноста по конзумирање на поголема количина на алкохол.

Експериментите вршени над глувци, покажале дека овие животни не се под дејство на алкохол во иста мера, кога примаат окситоцин и без него. Авторот на студијата др. Мајкл Бовен истакна дека сеуште е невозможно да се објасни поради што тоа се случува, но се надева дека тоа ќе биде појасно кога ќе се спроведе истражување во кое би учествувале луѓе.

Окситоцинот против аутизам

Кон крајот на февруари 2015 година, Ројтерс пренесе вест дека во едно истражување е утврдено дека мажи со аутизам, откако ќе вдишат супстанца која содржи окситоцин, почесто воспоставуваат контакт со очите.

Сепак, научниците објаснија дека тоа не значи дека окситоцинот е лек за аутизмот и дека треба да се примени како терапија.

Од таа причина, научниците од Универзитетот во Кембриџ, здружени со неколку европски универзитети, спроведоа истражување во кое споредиле 32 аутистични лица од машки пол, со група од 34 лица кои немале аутизам. Припадниците на двете групи биле на иста возраст и коефициент на интелигенција. Учесниците на истражувањето разговарале со научниците пред и по вдишувањето на супстанца од која една имала плацебо ефект, а другата содржела окситоцин. Резултатите покажале дека аутистичните мажи по вдишувањето на окситоцин воспоставувале контакт со очите со соговорникот подолго и почесто од претходно.

Окситоцин за враќање дома

Истражувањето од Универзитетот во Калифорнија Санта Барбара утврди дека хормоните ги покренуваат мажите. Поаѓајќи од традиционалната машка улога на ловец, тој кој придонесува и се води од примитивните инстинкти, научниците испитувале каква е состојбата на хормонот на мажите во зависност од работата која ја врши.

Тие утврдиле дека нивото на тестостеронот е највисоко при вршење на машките задачи, додека окситоцинот е највисок по доаѓањето дома од работа. Дури, колку е подолг работниот ден, толку повеќе окситоцин мажот ќе произведе кога ќе се врати дома.

Неодамна објавената студија на харвардските експерти покажа дека по зголемувањето на нивото на окситоцинот во организмот, мажите внесуваат помалку калории за појадок, дури и ако сами од менито одберат оброк по свој вкус.

Елизабет Лосон, водач на тимот кој го спроведе ова истражување, вели дека таа и нејзините колеги се возбудени поради ова откритие, бидејќи тоа може да помогне во лечење на дебелината.

Национална географија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top