| четврток, 6 декември 2018 |

Даниел Кајмакоски подарува билет за „Евровизија“

Даниел Кајмакоски ги поканува сите обожаватели да ја завршат приказната од официјалниот видеоспот за евровизиската песна „Autumn leaves“.

Оној кој ќе има најуспешно завршување на приказната ќе освои билет за првото полуфинале на 19 мај, каде ќе може да го бодри во живо на евровизиската сцена во Виена, а потоа и да ужива во заедничка средба со Кајмакоски на 20 мај.

Повикот за заинтересираните започнува од денес и ќе биде отворен до 20 април.

Повеќе информации, правилa и начин за учество на danielkajmakoski.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top