| четврток, 6 декември 2018 |

Траги од алкохол во крвта на пилотот на паднатиот воен хеликоптер

587167_helihopter150315ras-foto-vesna-lalic-5_f

Во извештајот на српското Обвинителство за падот на воениот хеликоптер се наведува дека во крвта и урината на пилотот Омер Мехиќ се пронајдени траги на алкохол, објави Б92.

Резултатите од обдукцијата на жртвите во несреќата покажуваат дека во крвта на пилотот имало 0,68 промили алкохол, а во урината 1,30 промили.

– Одговорност за несреќата носи водачот на екипажот на хеликоптерот ХТ-48, а дел од одговорноста имаат и другиот пилот и техничарот во пилотската кабина. Дел од одговорноста сноси командантот 204 поради пропусти во планирањето и организирањето на летот и поради пропусти во организацијата и раководењето со летот. Евентуална одговорност на контролата на аеродромот „Никола Тесла“ ќе утврди Контролата на летот, се наведува во извештајот на обвинителството, објави српскиот портал ТВ Б92.

Претходно Високото јавно обвинителство соопшти дека одговорноста за падот на воениот хеликоптер примарно е на членовите на екипажот, како и дека постојат сомнежи дека дел од одговорноста сносат и други воени и цивилни лица.

Воен хеликоптер, кој пренесуваше бебе во животна опасност од Нов Пазар, се урна на 13 март во близина на белградскиот аеродром „Никола Тесла“. Во несреќата загинаа седум лица, а по падот војската на Србија формира две комисии за утврдување на причините за несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top