Зоран Заев лидерот на СДСМ беше повикан во Јавното обвинителство за обвинувањата против него за корупција, под сомнение дека побарал 200 илјади евра мито од еден бизнисмен во Струмица. Заев потоа за медиумите изјави дека случајот е обид за местење нарачано од власта. Сепак, истакна дека одговорил на поканата на Обвинителството поради почитта кон Уставот и законите. Заев за време на партиски собир јавно го соопшти и името на бизнисменот. Претседателот на СДСМ ќе се врати во Обвинителството повторно во понеделник, за да даде изјава за обвинувањата за случајот „Пуч“, а во вторник ќе продолжи испрашувањето за поткуп за легализирање на градежна парцела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.