| четврток, 6 декември 2018 |

Можностите на македонскиот туризам пред земјите од регионот

Пред повеќе од петстотини гости, претставници на националните канцеларии на туристички агенции шест земји: Турција, Босна и Херцеговина, Косово, Романија и Србија, како и партнерските тур-оператори од регионот, викендов ќе бидат презентирани можностите на македонскиот влезен туризам. За туристичките капацитети на земјата и перспективите, пред гостите ќе говорат претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија. На присутните тур-оператори од Балканот ќе им бидат презентирани локалитетите и занимливостите во земјата, од областите на традиционалниот и алтернативен туризам.

Собирот во хотелот Изгрев во Струга, кој во 2014 година беше комплетно реновиран во хотел со 5 ѕвезди, како целосна и самостојна инвестиција на Фибула Групата. На настанот воедно ќе биде одбележано и 20-годишното постоење и унапредување на туризмот на Фибула во регионот.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top